Која е убавата маркиза Сара и дали се забавува со принцот Вилијам?

By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Сите велат дека љубовницата на принцот Вилијам е виновна што британската принцеза Кејт ја нема во јавноста подолго време, а се шпекулира дека љубовницата е таа којашто вчера била во автомобил со престолонаследникот. Која е богатата маркиза Сара Роуз и дали му е љубовница на Вилијам? Таа живее во замок со 106 соби, предизвикува восхит со нејзниот стил, а се појави и на свадбата на принцот и принцезата.

Гласината дека Роуз, маркизата од Чолмондели е причина што Кејт веќе неколку месеци не е во јавноста брзо се шири во Велика Британија. Дури, луѓето на социјалните мрежи тврдат дека има информации дека вчера таа била во автомобилот со Вилијам, а не принцезата Кејт.

Не постојат докази за оваa шпекулација.

Сара е поранешна манекенка и има 39 години. Работела за конзервативниот пратеник Мајкл Гоув, но сега го води имотот на нејзиниот сопруг, Дејвид Роксавиџ, седми маркиз од Чолмондели, пишува Индепендент.

 

 

Двојката има три деца – близнаците Александар и Оливер, кои имаат 15 години, и осумгодишната ќерка Ајрис. Семејството живее во Хоутон Хол во Норфолк.  Замокот изграден од првиот британски премиер, Сер Роберт Волпол, во 1720 година, Хотон Хол се наоѓа во простран парк со заградена градина и раскошен ентериер, дело на познатиот англиски архитект Вилијам Кент.

Сара Роуз го запознала својот сопруг, 23 години постар од неа, на одмор во Италија во 2003 година. Тие ја објавиле свршувачката шест години подоцна, а се венчале во Челзи во 2009 година.

 

- Advertisement -

 

Родителите на Сара се Тимоти Ханбери, веб-дизајнер и Ема Ханбери, моден дизајнер. Нејзините врски со кралското семејство се воспоставени уште од дамнина. Нејзината баба Лејди Елизабет Ламберт беше една од осумте деверици на свадбата на покојната кралица Елизабета Втора со војводата од Единбург. Завршила училиште во Бакингемшир, каде годишната школарина е околу 38.000 фунти, потпишала договор со врвната агенција за модели Сторм и е позната по откривањето на Кејт Мос.

Маркизата ретко дава интервјуа, но ги отвори вратите на нејзиниот распространет имот со 106 соби минатиот април во The English Home, каде што рече дека ѝ било потребно време да се навикне на импозантната околина.

- Advertisement -

– На почетокот ми беше незгодно да се движам некаде и ми требаше време да се прилагодам. Го користиме приземјето и вториот и третиот кат, каде што се спалните соби. Првиот кат е претежно канцеларии. Не знам колку соби имаме вкупно. Сакав камин, телевизор, голем тросед и сега можеме да јадеме и таму. Пред тоа, Дејвид и јас моравме да јадеме секоја вечер во трпезаријата – изјави таа.

 

 

На прашањето за предизвиците за управување со ваков огромен имот, Сара Роуз рече дека побарала совет и од експерти.

– Мојот сопруг знае многу, а имаме и фантастичен тим кој е клучен за одржување на целиот имот. Тоа е проект кој нема крај – секогаш има работи на кои треба да се работи и обнови. Доаѓаат многу експерти и советуваат. Можеш многу да научиш од нив – вели таа.

Како што пишува Индепендент, се чини дека Маркизата е таа што го води профилот на Инстаграм на Хотон Хол и повремено споделува фотографии од нејзиниот сопруг и нивните деца како уживаат во градината.

Во последниве години, таа беше во центарот на вниманието поради нејзините гламурозни тоалети на кралските настани, вклучувајќи го и банкетот во Бакингемската палата во 2017 година, каде што седеше до принцот Хари.

Таа присуствуваше и на крунисувањето на кралот Чарлс и кралицата Камила во мај минатата година, каде што носеше бел фустан со црни детали и црн лак на вратот, кој го спои со лента за глава, штикли, дијамантски обетки и брош.

Share This Article
Exit mobile version