Европската комисија го кажа јавно тоа што Урсула му го кажала тајно на Ковачевски?

By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Бугарија има право сама да одлучи како ќе ги користи приходите што ќе ги остварува од наплатата на таксата за транзит на увезениот руски гас низ бугарска територија, изјави портпаролот на Европската комисија за климатска акција и енергија Тим Мекфи.

– Таксите што ги наплаќа Бугарија за транзит на рускиот гас за Србија, Унгарија и Северна Македонија се национална мерка и затоа право на Бугарија е да одлучи каде ќе ги насочи овие приходите – изјави Мекфи, потсетувајќи дека во 11-те пакет-мерки што ЕУ ги воведе против Русија, во делот на енергенсите санкции се предвидени само за нафтата и јагленот, но не и за гасот.

Бугарија на 13 октомври воведе такса за транзит на рускиот гас низ нејзина територија во висина од 10 евра за мегават час, од која очекува годишен приход од 1,2 до 1,5 милијарди евра, средства кои, како што најави минатата недела бугарскиот премиер Николај Денков, би можеле директно да завршат во Буџетот на ЕУ.

Воведувањето на таксата предизвика реакции во Белград и Будимпешта кои тврдат дека таа ќе резултира со поскапување на рускиот гас за 20 отсто за крајните корисници, додека Софија потенцира дека плаќањето на давачката на е обврска на земјите до кои се дистрибуира енергенсот, туку на добавувачот, руската компанија „Газпром“.

Софија очекува првите приходи од новата такса да се најдат на нејзината сметка на 14 ноември, но некои бугарски енергетски експерти изразуваат сомнеж дека земјата воопшто ќе добие некакви средства. Експертот Калојан Стајков за „Еурактив“ изјави дека гасоводот преку кој транзитира гасот „тешко дека ќе може да се оквалификува како руски, бидејќи поврзува неколку извори“ на енергенсот.

„Газпром“ досега не се изјасни за новата енергетска такса и не е познато дали има намера да ја плаќа. Бугарскиот министер за финансии Асен Василев минатата недела изјави дека доколку „Газпром“ одбие да ја плаќа таксата ќе биде запленети неговите финансиски гаранции на договорите во Бугарија, а може да се соочи со конфискување на имот во земјата.

Претходно денеска, премиерот Димитар Ковачевски изјави дека бугарската такса на гасот е неправедно наметната.

Тој рече дека заедно со министерот за економија Крешник Бектеши реагирал кај претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, но не кажа каков одговор добил.

– Тоа значи дека ваква такса ќе предизвика зголемување на цената на електрична енергија и затоплување кај нас за 20 проценти. Затоа побаравме да се ослободи капацитет за да може Северна Македонија да набавува гас од други извори, што нема да биде руски и со тоа нема да биде оптоварен со оваа дополнителна такса. Во моменот се водат разговори и на ниво на Европската Унија и со Бугарија со соодветното министерство за да може ова да биде направено. Минатата година успеавме заедно со Европската комисија и Бугарија да ослободиме капацитет за набавка на гас што не е исклучиво во сопственост на „Гаспром“ и се надевам дека и годинава ќе успееме да го направиме тоа – изјави Ковачевски, по настанот по повод Денот на национално осигурување.

- Advertisement -
Share This Article
Exit mobile version