Државниот завод за статистика објави охрабрувачки податоци за нивото на инфлацијата во земјата, коe се спушти на 9,3% во јуни 2023 година, забележувајќи скоро 10 п.п. пад во однос на октомври 2022 година

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Државниот завод за статистика објави охрабрувачки податоци за нивото на инфлацијата во земјата, коe се спушти на 9,3% во јуни 2023 година, забележувајќи скоро 10 п.п. пад во однос на октомври 2022 година, кога изнесуваше 19,8%, напиша премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук.

„Ваквите податоци укажуваат дека мерките што ги презема Владата го даваат очекуваното и инфлацијата од октомври 2022 година се движи во континуитет во надолна линија. До крајот на годината очекуваме овој тренд да продолжи и да се одржи едноцифреното ниво на инфлацијата, а во наредната година да биде околу 2%. Намалувањето на инфлацијата е позитивен фактор за севкупната македонска економија“, нагласува Ковачевски.

Share This Article
Exit mobile version