ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ ЗАВРШИЛА ВО ЗАТВОР СО ПИ ДИДИ

By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Неодамнешното апсење на Пи Диди го скрена вниманието од неодамнешното раскинување на Џенифер Лопез и Бен Афлек и повторно ја стави во фокус нејзината бурна врска од крајот на 90-тите со неодамна уапсениот рапер и музички продуцент.

Џенифер Лопез и Шон Диди Комбс беа во врска помеѓу 1999 и 2001 година. Како и со сите врски со познатите личности на Комбс, од пријатели кои присуствувале на неговите „бели забави“ до штитеници како Џастин Бибер, врската помеѓу Диди и Џеј Ло повторно е ставена е „под лупа“.

Џенифер Лопез беше една од многуте ѕвезди на кои Комбс им беше ментор во доцните 90-ти и 2000-тите. Тие почнаа да се забавуваат во 1999 година, а врската заврши во 2001 година. Пејачката и актерка последниве години позитивно зборува за Комбс. Во интервју за „Аксес Холивуд“ во 2014 година, таа рекла дека Комбс „ја научил толку многу работи“, додавајќи дека „сè уште има толку многу заемна почит и восхит“ меѓу нив.

Сепак, коментарите на Лопез поблиску до времето на нивното разделување беа помалку блескави. Во 2003 година, во интервју за списанието „Вајб“, Џеј Ло потврди дека раскинале затоа што Пи Диди ја изневерил.

– Тоа беше првпат да бев со некој кој не беше верен. Бев во врска со Диди во која плачев и полудував, тоа навистина ми го одзеде целиот живот – раскажала таа.

 

Како што објави „Форбс“, во документарниот филм на Лопез од 2024 година „The Greatest Love Story Never Told“, Лопез ја споредика својата врска со Бен Афлек со претходните врски каде забележала дека имало и насилни партнери и неколку непријатни работи, но не прецизирала за кого станува збор.

Во 1999 година, тогаш 31-годишниот Комбс беше уапсен по пукањето во ноќен клуб во Њујорк. Во тоа време Комбс бил во придружба на својот телохранител Антонио Волф, 21-годишниот рапер Џамал ​​и тогаш 30-годишната девојка Џенифер Лопез.

Како што пренесува „Форбс“, инцидентот започнал со несогласување, а завршил со пукање во кое биле повредени три лица. Комбс и Џамал ​​се соочија со повеќе обвиненија, а обвиненијата против Комбс беа отфрлени. Меѓутоа, најтешко повредената личност отсекогаш инсистирала дека Комбс ѝ пукал в лице. Натанија Рубен рекла за „Њуз нејшн“ дека била подготвена „докторот да извади дел од куршум од 9 милиметри од нејзиното лице за да може да го користи како доказ“.

- Advertisement -

Рубен поднела тужба за компензација од 130 милиони долари против Комбс во 2008 година, која била решена надвор од судот во јуни 2011 година. Рубен тврдела дека Комбс ја застрелал во лицето.

„Го гледав“, изјавила таа за „Дејли бист“.

„Го видов со свои очи“ и додака дека денот на неговото апсење бил „најдобриот ден досега“.

- Advertisement -

По расправијата Комбс го напуштил местото на настанот со Лопез и Џонс. Тројцата биле вклучени во потерата со полициски автомобили.

Според „Вашингтон пост“, полицијата во автомобилот пронашла украден пиштол. И Комбс и Лопез биле уапсени и, како што објави „Гардијан“, првично биле обвинети за криминално поседување на украден имот. Обвиненијата против Лопез биле отфрлени преку ноќ, но Комбс и Џамал ​​отишле на суд. Диди се соочил со дополнителни обвиненија за поткуп, наводно на возачот на автомобил му понудил 50.000 долари за да каже дека пиштолот е негов.

Диди бил ослободен. Неговиот 21-годишен сообвинет Џамал ​​бил обвинет за пет кривични дела, вклучувајќи напад од прв степен, несовесно загрозување и поседување оружје.

Бароу бил ослободен од обвинението за обид за убиство, но одлежал 10 години за своите обвиненија, според „Њујорк тајмс“. Никој никогаш не бил обвинет или прогласен за виновен за вистинското пукање.

Лопез ретко зборуваше за пукањето, но во 2000 година таа се осврна на тоа во интервју за британскиот „Ел“. Таа рече дека тоа било кошмар.

„Апсолутно немав поим што се случува. Никој немаше“, рекла Лопез тогаш.

 

Share This Article
Exit mobile version