Не одам повеќе во Србија додека е Вучиќ на власт, вели Северина за инцидентот на границата

By Lorita 9 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ проговори за немилите сцени од хрватско-српската граница каде повеќе од четири часа била задржана на распит кај српските власти поради некои изјави од минатото. Таа беше запрена на граница во 19 часот и 35 минути, а требаше да настапи на приватен настан, во рамките на нејзиниот роденден, со почеток во 23 часот.

Јутарни лист пишува дека Северина била задржана на граница до 23 часот и 35 минути, кога побарала да ѝ бидат вратени документите и да ѝ се дозволи да се врати во Хрватска. Кога ја запреле, полицијата повикала инспектори кои наводно ја испрашувале за невремето, Сребреница и за литиумот (т.е. за протестите против ископување литиум во Србија), а потоа ѝ го пребарале целиот автомобил.

Изјавата на Северина Јуtарни лист ја пренесе во целост.

– Точно е дека имав блиска средба со чуварите на редот и мирот на хрватско-српската граница од српска страна. Во неделата околу 19:45 часот со мојот менаџер пристигнав на граничниот премин Бајаково од српска страна. Требаше да пеам на прослава на 18-ти роденден. Сепак, судбината не сакаше така.

Кога ги прегледуваше документите, граничниот полицаец нè замоли да застанеме настрана. Мојата српска адвокатка веднаш повика гранична полиција, но безуспешно. Бевме тргнати настрана неколку часа, седејќи во автомобилот. Потоа отидов до зградата на граничната полиција барајќи тоалет, а во меѓувреме ми рекоа дека „се чекаат инспектори од Министерството за внатрешни работи кои патуваат од Белград“. Сфатив дека станува „сериозно“.

Кога стигнаа околу 22 часот и 15 минути, прво 45 минути детално го пребаруваа нашето возило и нашите работи, како да сме најдолни, ситни шверцери. Се правеа дека бараат оружје. Јас и оружје – ма, секако. Ме прашаа каде одам и дали имам работна дозвола за настап, а потоа ме одведоа во зградата на полицијата на разговор. Во автомобилот не најдоа ништо спорно. Па, нормално.

За време на сослушувањето почнаа да ми поставуваат прашања што мислам за Сребреница, за операцијата Олуја, зошто ги поддржував демонстрациите против ископувањето литиум и зошто сум пишувала дека тоа е Србија каква што ја сакам. Прашаа и за Јасеновац, стигнаа и до Туѓман. Дали треба да кажам дека полицаецот во неговите 30-ти постојано се обидуваше да ми објасни дека само си ја работи работата, бидејќи јас сум јавна личност и имам општествено влијание, па ете… Му реков дека тој допрва ќе види кој тука е влијателен кога утре ќе објавам сè за што ме испрашувал, дури и кога тоа ќе го пренесат сите медиуми. Јадникот постојатно излегуваше од сослушувањето, затоа што некој му ѕвонеше на телефонот, најверојатно му даваше дополнителни упатства, па овој се враќаше со нови и нови прашања. Прашања на кои обично одговар даваат историчари.

Кога ме прашаа за Сребреница, полицаецот ми рече дека мора да изгугла што сум му кажала додека возел кон границата, па јас го упатив, му реков, кога веќе ги гуглал моите изјави, да ги прогугла изјавите на Милорад Додик од 2004 година во емисијата на Сенад Хаџифејзовиќ, кога Хаџифејзовиќ рече „Знам што се случи во Сребреница, тоа беше геноцид“. Му реков, „го имаш тоа на Јутјуб“, нежно се обидов да го поучам. Му реков, кога веќе гугла, да го гугла и Вучиќ, кој своевремено ги подбуцнуваше Србите во Глина и им објаснуваше дека ова е Србија. Ги прашав полициските службеници зошто не го уапсија германскиот канцелар Олаф Шолц неодамна кога дојде да ги посети, бидејќи Германија гласаше во Обединетите нации за резолуцијата за Сребреница?

Му кажав дека претседателот (Вучиќ) беше некогашен министер за информации на Милошевиќ, па очигледно не ги информирал добро. Потоа полицаецот ми рече дека „не сум лесна за разговар“. Не сум им лесна за разговор? Во еден момент решив да ја завршам таа агонија со полицаецот и очигледно на новиот српски морален поредок, односно таканаречениот информативен разговор со непожелен елемент. Полицаецот ми кажа дека сочувствува со Милановиќ. Му кажав дека ми е драго, но дека јас не сочувствувам со нивниот претседател (Вучиќ).

- Advertisement -

Па, да, ја сакам Србија. Ја сакам Србија каде 100 илјади Срби протестираат за заштита на животната средина и за зачувување на својата држава. А тој што моментално е на чело на Србија, нема со тоа што ќе ме малтретира мене да го оттргне вниманието од проблемите со кои се соочуваат Србите во Србија.

Се обидов на органите на редот, полицајците, да им објаснам дека нивниот водач, за кој ми рекоа дека е избран на избори, е најголемиот „усташ“ за Србите. Тој избрка од земјата сто илјади Срби кои избегаа од неговата политика и економија. Останатите граѓани кои што (Вучиќ) ги чува во државата, а на кои сега им  се заканува дека ќе ги труе со литиум, го потчини преку медиумите кои ги држи во тупаница и тоа посилно и со поголема посветеност и од самиот Путин, кој му е еден од најголемите модели.

Кога почнаа да ме испрашуваат за тоа што мислам за силуваните жени и за тоа дека Србите се протерани од Хрватска – реков дека секоја жртва е тешка, но дека ја прекинувам оваа претстава и дека повеќе нема да одговарам на нивните прашања, му реков на полицаецот да ми ги врати документите, дека врз мене нема да употребува сила, затоа што не сум човек погоден за заплашување и дека утре ќе читаат за сето тоа во сите медиуми. Реков и дека никогаш повеќе нема да дојдам во Србија сè додека на чело на државата е, добро знаете кој. Неколку пати полицаецот ме молеше да не го правам тоа, ми објасни дека можам слободно да одам во Србија. Само му реков да им каже на претпоставените дека испаднале глупи, бидејќи тоа ќе има само контраефект, а јас од Србија не заработувам за живот…

- Advertisement -

Го прашав и кој го нарачал ова, тој се обиде да ме убеди дека ова е нормална редовна контрола. Редовна, велиш… Вакво нешто не ми се случило ниту во Америка, ниту во Канада, ниту во Швајцарија, а особено во земјите од регионот, бидејќи сите ме сметаат за блиска.

Неколку пати се обидов да им објаснам дека секој има право на свое мислење, дека вербалниот деликт е укинат со укинувањето на комунизмот. И дека ги жалам сите нив, што ги сакам, дека Србите се чесни и добри луѓе, но дека нивната влада е страшна и дека никогаш не сум рекла дека Србите се геноцидни, туку дека тоа се медиумски измислици на Вучиќ, исто како што со години измислуваат лаги за сите што се против режимот.

И на крајот им ја испеав песната на Балашевиќ:

„Одамна ти заседна ѓаволот на прагот, земјо Србијо,

Не помни никој жив толку несреќи за еден везир,

Наоколу, комшиите креваат бедеми од јад и презир,

Вакво нешто уште не било, мм-мм,

на лудите им е мило, а другите се кријат“.

И им реков, „итно ви треба нов Балашевиќ“. Србијо, те сакам… и сакам што побрзо да станеш демократска. Но, никогаш повеќе нема да дојдам во Србија додека овој не се повлече од власта. Сите добро знаеме кој.

А каква е таа влада кога, еве, се плаши од моето мислење?

Share This Article
Exit mobile version