Четириесет и осум илјади роднини на руски војници поднеле ДНК примероци, со цел се пронајдат членовите на руската армија

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Четириесет и осум илјади роднини на руски војници поднеле ДНК примероци, со цел се пронајдат членовите на руската армија, изјавил владин министер.

Бројката беше дадена од заменик министерката за одбрана Ана Цивилјова на дискусија на тркалезна маса, објави Ројтрес.

Русија досега не објавила официјална статистика за воените загуби во Украина, потсетува Хина.

Западните земји веруваат дека во исцрпувачката рововска војна, најсмртоносниот конфликт во Европа од Втората светска војна, биле убиени и ранети стотици илјади руски и украински војници.

По изјавата на Цивилева дека 48.000 членови на семејства на руски војници предале свои ДНК примероци за базата на податоци на Министерството за внатрешни работи, реагираше Андреј Картаполов, претседател на парламентарната комисија за одбрана. Тој предупреди дека станува збор за чувствителни и заштитени информации, на што Цивилева одговорила дека не ги споделила податоците за бројот на војници исчезнати во акција, туку бројот на барањата што ги добиле.

– Многумина од нив ќе бидат пронајдени. Ова не се податоци за исчезнати, тоа е бројот на барањата што ги примивме за да ги пронајдеме – изјавила таа.

Независната руска информативна страница Mediazona и Руската служба на BBC потврдиле имиња на 79.819 руски војници загинати во Украина до 19 ноември, за време на 33 месеци на војната.

Волстрит џурнал, повикувајќи се на западни разузнавачки податоци, наведува дека се убиени до 200.000 руски војници.

Економист пренесува дека на украинската страна загинале најмалку 60.000 до 100.000 војници и дека до 400.000 претрпеле тешки повреди што не им дозволуваат повторно да се борат.

- Advertisement -
Share This Article
Exit mobile version