Бредли Купер ја покажа својата нова фризура додека се шеташе низ улиците на Њујорк, што им привлече око на папараците

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Холивудскиот актер и режисер Бредли Купер (48) ја покажа својата нова фризура додека се шеташе низ улиците на Њујорк, што им привлече око на папараците кои случајно се нашле таму и го фотографирале.

Бредли е познат по својата долга коса во последните години, но сега очигледно решил да направи промена, објави „Пејџ сикс“.

Како што може да се види од фотографиите кои стигнаа до медиумите, Купер ја скратил својата коса и целосно го редефинирал имиџот на холивудски шмекер.

 

Инаку, Купер неодамна гостуваше во „Running Wild With Bear Grylls“ каде со познатиот авантурист разговараше за животните предизвици и здравствените проблеми. Актерот меѓу другото изјавил и како славата и целиот свет на забавната индустрија влијаеле врз него во текот на неговата децениска кариера.

Купер во еден момент во текот на епизодата му кажал на водителот Бер Грилс дека не е „изгубен во славата“, што го поттикна Грилс да праша: „Но, дефинитивно имавте дива година? „Што се однесува до алкохолот и дрогата, да. Но, тоа нема никаква врска со славата“, одговори Купер и додаде: „Имав среќа. Се отрезнав на 29 и трезен сум 19 години. Имав многу среќа“.

 

- Advertisement -

 

ФОТО: Инстаграм

Share This Article
Exit mobile version