Бен Афлек е фотографиран конечно насмеан, гушкајќи се со својот син од претходниот брак, 11-годишниот Семјуел и со неговата мајка, актерката Џенифер Гарнер

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Холивудскиот актер Бен Афлек е фотографиран конечно насмеан, гушкајќи се со својот син од претходниот брак, 11-годишниот Семјуел и со неговата мајка, актерката Џенифер Гарнер.

Бен, облечен во сиви фармерки, тегет кошула и патики Најк, изгледаше пресреќен што ги виде своите деца откако помина цела недела на одмор со сопругата Џенифер Лопез. Ѕвездата на Бетмен, кој пристигна со приватен авион во Фиренца, Италија, изгледа среќно додека најмалото дете трча кон него.

Таткото и синот цврсто се прегрнаа пред Афлек да биде пречекан од неговите постари деца Виолет (17) и Серафина (14).

Потоа, како што може да се види од фотографиите, насмеаниот актер силно ја прегрна и поранешната сопруга, со која беше во брак од 2005 до 2018 година.
Share This Article
Exit mobile version