Албанија во изминатите 8 месеци од годинава забележа рекорден број од околу 7,2 милиони туристи

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Албанија во изминатите 8 месеци од годинава забележа рекорден број од околу 7,2 милиони туристи,  објави министерката за туризам и животна средина Мирела Кумбаро.

– Во периодот јануари-август  Албанија забележа рекорден број од 7.190.410 туристи што е 27 осто повеќе споредено со истиот период 2022 година. Ова е бројка што ја крунисува работата на сите, тимот на Министерството за туризам и животна средина, општините, тур-операторите и пред се секој хотелиер и професионалец во секторот, кој посветено вложил во формирањето на Туристичката репутација на Албанија – вели министерката во објава на Фејсбук.

Според бројките што ги објавува  Кумбаро, само во месец август  престојувале  2.022.754 туристи или 18 отсто повеќе од истиот месец минатата година.

Покрај косовските и македонските туристи, кои се најбројни, Албанија како летна дестинацијa ја избрале и туристите од Шпанија, Италија, Турција, Црна Гора, Франција, Полска, Србија и други земји.

– Исто така, Ѓирокастро, Берат, Бутринти, Круја, Тирана, Скадар, се популарни дестинации за историски и културен туризам. Се поголем интерес владее и за планинскиот и селски туризам – додава таа.

Минатата година Албанија забележа  рекорд од 7,5 милиони туристи која беше најдобрата година досега во туризмот во однос на бројките.

Остварената бројка за 8сум месеци, оценува Кумбаро, е повеќе е гаранција дека 2023 година ќе постигне нов рекорд во туризмот.

Share This Article
Exit mobile version