Челси синоќа го победи Салцбург на „Ред Бул Арена” со 2:1 и обезбеди пласман во осминафиналето на фудбалската Лига на шампиони.
Головите за гостите од Лондон ги постигнаа Ковачиќ во 23. и Хаверц во 64. минута. За австрискиот тим погоди Адаму во 48. минута.
На другиот натпревар од 5.коло во Е-групата, Милан на полувреме има предност од 1:0 на гостувањето кај Динамо Загреб.
Челси е лидер на табелата со 10 бода, Салцбург има 6, Милан и Динамо имаат по 4, но и натпревар помалку.