Мицкоски очекува големи притисоци

Lorita
By Lorita 6 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Вечерва во централниот дневник на Сител телевизија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски посочи за да се постигне договор со Бугарија потребни се гаранции од Брисел за јазикот, специфичноста на народот и тие да се обврзат да не ја блокираат повеќе земјава кон ЕУ.

„Велам ќе почнат притисоците, ќе почнат повторно притисоците врз пратениците, ќе почнат притисоците врз луѓето кои што се внатре, ќе почне девалвирањето на парламентот итн. И како што е сценарио видено веќе во минатото. И затоа јас велам јас го прифаќам сиот товар врз себе да ги заштитиме тие луѓе кои што се во Парламентот, да го заштитиме нивното достоинство, да ги видиме оние гаранции од Брисел и после можеме да разговараме за секакви договори“,истакна  Мицкоски.

Мицкоски додаде дека во овој момент и во иднина како што стојат бројките и расположението на граѓаните таков договор каков што планира да го потпише Ковачевски нема да биде успешно поминат во Парламентот.

„И одбивам да бидам прогласен ако не го поддржам тој договор за анти ЕУ. Прво, на маса сакам да видам гаранции бидејќи и Петков бара, барам и јас гаранции. Да видам гаранции за мајчиниот мој јазик, македонскиот, да видам гаранции за мојот народ македонскиот дека има своја историја вековна, традиција, култура, обичаи, и конечно трета една гаранција дека никогаш повеќе никој нема за вакви глупости нас да не попречува да станеме земја членка на ЕУ“, нагласи Мицкоски.

Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ понуди заеднички со власта да седнат на иста маса и да изградат заеднички став во врска со проблемот со Бугарија. Потребно е да се заштити идентитетот на Македонија.

Мицкоски истакна дека спорниот закон за наставниците на мала врата овозможува груба партизацијаво образованието, а за повисоки плати треба владата само да го почитува колективниот договор.

„Суштински се две работи, првата велат ќе ги зголемуваат платите, платите се регулираат со колективните договори, се останато е ветер и магла, имаме колективен договор излегов на прес конференција, направив симулација според кои параметри споредено со новата минимална плата треба да се нивилираат платите на вработените во градинките, основните и средните училишта, еве на први март платните листови нека ги нивилира министерот за финансии и министерот за образование ние ќе го поддржиме тоа“, нагласи Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски додаде и дека СДСМ не ја говори вистината и на мала врата се обидува да протне неквалитет и партизација на образованието.

„Тоа што не ја говорат вистината. Втората работа ако гледаме тесно партиски нас ни одговара, најголемиот дел од општините се раководени со кадри од ВМРО-ДПМНЕ но суштината е што сакаат да протнат на мала врата не квалитет, неквалитет тоа е најголемиот проблем, се укинува приправничкиот стаж,  суштината е, јас доаѓам од образованието и сум го говорел тоа во неколку интервјуа сум го говорел, дека образованието е основниот столб во државата и ние не смееме да го потценуваме образованието и да си играме реформи, ако гледаме тесно партиски утре ќе го поминеме законот ќе се вработат како тоа што го прави СДСМ и поранешната министерка и Зоран Заев по партиски списоци и завршена работа. Но ние сакаме тоа да го смениме. Затоа сме ние тука да покажеме разлика. Околу платите, веднаш да го применат колективниот договор и еве ние ќе им честитаме и ќе ги поддржиме. Веднаш да го применат“, нагласи Мицкоски.

- Advertisement -
Ad image

Toj укажа дека сметките за струја се високи не затоа што нема јаглен, туку затоа што се краде многу.

„Пролетта 2021 година јас лично преудпредив и понудив пакет што треба да прават од власта. И не треба да имате план преголем туку треба само да знаете да работите и да работите чесно. Еве ќе ви дадам неколку бројки, ако ние произведуваме како што произведувавме пред 7-8 или 9 години електрична енергија, а имаме можности за тоа немаше да додје до ова. Зошто? Затоа што сме произведувале 6.5 – 6.7 терават часови струја сега минатата година добив информација за 2021 година е под 3 терават часови струја“, истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде таму има многу крадење и затоа Македонија е доведена во оваа ситуација. Има многу недомаќинско работење.

- Advertisement -
Ad image

„Многу крадење. Ако не се крадеше толку и ако се работеше домаќински наместо да се делат провизи за мазути, наместо да се делат договори во четири очи за ископ на јаглен, а никогаш тој јаглен да не се ископа каде што денот трае 35-36 саати наместо 24, или наместо 365 дена во годината има 500 дена, тогаш ќе имавме јаглен и ќе произведувавме толку што е потребно за граѓаните и немаше да го почувствуваме ова“, појасни Мицкоски.

Мицкоски посочи дека има многу лоповлук и многу неспособност во оваа власт.

Share This Article