Холивудскиот актер синоќа се појави на 21. Меѓународен филмски фестивал во Маракеш, Мароко, каде му беше врачена награда за актерската работа.
Шон Пен на оваа церемонија се појави во елегантен црн костум, но целото внимание го привлече неговата партнерка, актерката Валерија Ников, која дојде во раскошен фустан во иста боја.
Инаку, таа е молдавска актерка, која е дури 34 години помлада од холивудската ѕвезда Шон Пен.
Ова не е првата значително помлада девојка на Пен, бидејќи тој претходно беше во врска со 21 година помладата Олга Коротјаева, а пред неа со 13 години помладата Кристин Виг и 15 години помладата Шарлиз Терон.
Исто така, зад себе има три брака. Пред две години се разведе од три децении помладата Лејла Џорџ, а претходно 14 години беше во брак со Робин Рајт и со неа доби две деца, ќерката Дилан и синот Хопер. Интересно е што и двајцата се постари од неговата сегашна девојка.
Сепак, најинтересен за медиумите беше првиот брак на Пен со кралицата на поп музиката Мадона, кој траеше само четири години.