More

    Кралот Чарлс во жестока расправија со Вилијам, го принудил да потпише документ

    spot_img

    Кралот Чарлс имал жестока расправија со неговиот син Вилијам. Монархот толку многу викал што ечел целиот кралски двор. Расправијата избила откако Чарлс се обидел да му забрани на најстариот син и престолонаследник да се вози во хеликоптер заедно со неговото семејство, бидејќи со тоа непотребно го става во ризик не само неговото семејство, туку и британскиот трон.

    Чарлс луто му рекол на Вилијам дека во случај на несреќа Хари ќе дојде на тронот, што не е во ничиј интерес. Како што пишува британски Сан, принцот Вилијам ги игнорира предупредувањата на неговиот татко. Тој е обучен пилот на РАФ, а возењето хеликоптер го опишува како најубавото нешто на светот.

    Кралот бара неговиот син да престане да лета и го потсетува на неодамнешниот пех со со хеликоптер што му се случил кога леталото морало да се приземји. Играњето на Вилијам со судбината, според Чарлс, е особено опасно сега кога се бори со ракот и не знае колку време му преостанува.

    Сепак, Вилијам ги игнорирал сите барања и молби на неговиот татко. Тој дури и не го следи строгото непишано правило дека членовите на кралското семејство кои се први во редот за британскиот трон не можат да летаат заедно.

    Кралот особено се налутил кога принцот Вилијам неодамна ги качил во хеликоптер сите членови на неговото семејство – Кејт Мидлтон и трите деца – за да полета од палатата Кенсингтон во Лондон до нивната семејна куќа во Анмер Хол во Норфолк.

     

    Вилијам е сигурен во себе и во своите летечки способности бидејќи поминал ригорозни обуки на РАФ, имал задачи за летање и во 2021 година позајмил хеликоптер од 6,5 милиони евра да лета за да има доволно часови летање за да ја обнови својата пилотска дозвола.

    Како што истакнуваат познавачите на ситуацијата на британскиот двор, во случај на катастрофа и смрт на престолонаследникот и неговото семејство, тоа би било огромна трагедија за целото кралство, а принцот Хари би дошол на престолот.

    Кралскиот биограф Роберт Џобсон истакнува дека кралот станал особено чувствителен откако му бил дијагностициран рак, бидејќи станал свесен за сопствената смртност.

    – Кога Вилијам одби да престане да лета со своето семејство, Чарлс инсистираше да потпише формален документ со кој ќе ги признае ризиците и ќе ја преземе целосната одговорност за своите постапки – открива Џобсон.

    Не е тајна дека кралот Чарлс панично се плаши од хеликоптери како и неговата мајка, кралицата Елизабета.  Покојната кралица Елизабета Втора имала инцидент со леталото по кој одбивала повторно да седне во хеликоптер. Чарлс има сличен став, па не е чудно што тој е загрижен за своеволниот Вилијам и за неговото семејство.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img