Бајден го навреди Трамп откако двајцата беа номинирани за претседтелските избори

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Американскиот претседател Џо Бајден синоќа изјави дека еден од двајцата кандидати за претседател на САД на овогодишните избори е ментално неспособен и дека тоа не е тој, туку Доналд Трамп, јавува Асошиетед прес.

– На овие избори двајца кандидати ја добија номинацијата на нивните партии. Но, еден од нив е премногу стар и ментално неспособен за работа. Другиот сум јас – рече Бајден низ смеа на конференцијата на Демократската партија во Вашингтон.

Бајден упорно ги отфрла критиките за неговата возраст, наводно слабата меморија и збунувачкото однесување и наместо тоа ги истакнува овие недостатоци на неговиот противник, 77-годишниот Трамп.

– Немој да му кажувате, тој мисли дека се кандидира против Барак Обама, тоа е она што тој го кажа – рече 81-годишниот Бајден.

Актуелниот претседател сериозно повтори дека победата на Трамп би била вистинска закана за демократијата.

Тој, исто така, ги критикуваше врските меѓу Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.

– Живееме во невиден момент во демократијата. Демократијата и слободата се буквално на удар. Путин дивее во Европа. Мојот претходник му се поклонува и му вели „прави што сакаш – рече тој.

Share This Article