More

    Руската елита подготвува атентат врз Путин?

    spot_img

    Украинското Министерство за одбрана тврди дека руската елита ја разгледува можноста за атентат врз рускиот претседател Владимир Путин.

    – Труење, ненадејна болест, несреќа – руската елита ја разгледува можноста за отстранување на Путин – пишува во објавата на Фејсбук страницата на украинското Министерство за одбрана.

    Украина наведува дека зад сето тоа стои група влијателни луѓе кои се во опозиција на Путин. Станува збор за, како што велат, политичка и бизнис елита.

    – Нивна цел е да го отстранат Путин од власт што е можно поскоро и да воспостават економски врски со Западот, кои се уништени поради војната – се додава во објавата на Фејсбук.

    Како што наведуваат Украинците, како наследник на Путин го гледаат шефот на ФСБ Александар Бортников.

    – Значајно е што самиот Бортников неодамна падна во немилост на Путин. Официјалната причина за неговиот пад е фаталната проценка на војната во Украина – соопшти украинското министерство.

    Бортников и неговиот оддел, според објавата, биле задолжени за анализа на состојбите меѓу луѓето во Украина, како и за проценка на капацитетот на украинската армија.

    Украинското Министерство понатаму наведува дека Бортников и некои влијателни претставници на руската елита разгледуваат различни опции како да го тргнат Путин од власт.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img