Зајачицата на „Плејбој“ и холивудска актерка Памела Андерсон се мажела пет пати и ја открила тајната со која успева да го натера речиси секој маж во врска да ја запроси

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Зајачицата на „Плејбој“ и холивудска актерка Памела Андерсон се мажела пет пати и ја открила тајната со која успева да го натера речиси секој маж во врска да ја запроси.

Таа во својот документарен филм „Памела, љубовна приказна“ ја открива магичната реченица што ги тера мажите да ја запросат.

 

 

„Најдобар начин да се омажиш е да му кажеш на некого: Никогаш нема да се омажам за тебе“. Во рок од шест месеци, сигурно ќе се омажиш. Но, мора сериозно да мислите кога го кажувате тоа, дека навистина нема да се омажите за тој партнер“, изјавила Памела.

Американскиот модел Марина Нојман неодамна објави видео на ТикТок во кое зборува за тоа како почнала да го применува „Правилото на Памела“.

Таа била на неколку состаноци со мажи во рок од два месеци и на секој од нив ја кажала истата реченица, додавајќи дека одбивањето им прави нешто во мозокот за да ги натера да сакаат да се трудат повеќе од било кога.

Таа изјавила дека немала намера да ја тестира изјавата на Памела, но се покажало дека „ова правило“ е ефективно.

Share This Article
Exit mobile version