Вучиќ вели дека ситуацијата не е добра

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Не сакам никого да плашам, но ситуацијата не е добра ни во Украина ни тука, рече претседателот на Србија Александар Вучиќ синоќа на телевизија Пинк каде зборуваше за политичката ситуација во светот, војната во Украина, економските тешкотии и за претстојните избори.

– Кога имате ваква ситуација во светот, таман сте помислиле дека сте направиле сè на внатрешен план, сепак не сте направиле ништо, утре доаѓа нов проблем – рече тој и додаде дека не може да се каже дека ќе се живее полесно и поубаво кога има војна во соседството.

Тој рече дека постојат безброј проблеми и дека мора да се гледа во иднината бидејќи никој не гарантира колку време лошата ситуација во светот ќе потрае.

– Кога сакате да направите нешто во ваков момент, мора да сфатите дека ништо повеќе не е исто. Мал дел од луѓето се радуваат. Најавија собири – едните ја поддржуваат Украина, други Русија – наместо сите да молчат – рече тој, истакнувајќи дека нема да дозволи едни со други да се судрат.

Вучиќ повтори дека не се знае што носи утре. Според него, економските, политичките и општествените последици се несогледливи.

– Ова е најтешкиот конфликт за Европа и светот по Втората светска војна – вели Вучиќ.

TAGGED:
Share This Article
Exit mobile version