Во Франција од едрилица на брегот на Атлантикот запленети 406 килограми кокаин

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Околу 406 килограми кокаин се запленети од едрилица под полско знаме во Бискајскиот залив на Атлантикот на западот на Франција, соопштија денеска локалните власти, додавајќи дека операцијата била изведена со согласност на властите во Полска.

Заплената се случила ноќта меѓу четвртокот и петокот, а дрогата била пронајдена на едрилица во Бискајскиот залив, соопшти локалната полициска префектура.

Двајца членови на екипажот на едрилица под полско знаме се обиделе да го запалат бродот во обид да го потонат заедно со дрогата.

Дрогата, поделена во 19 огромни кеси, е предадена на Националната служба за борба против наркотици, додека се проверува националноста на двајцата уапсени.

Француската царина во 2023 година заплени 12 тони кокаин на нејзина територија.

Share This Article
Exit mobile version