Вавилонците го претекнале Питагора за 1.200 години со формулата!

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Испитувањата на плочките од древниот Вавилон сѐ повеќе го потврдуваат сознанието дека Питагорината теорема им била позната на древните семитски математичари и 1.000 години пред времето кога живеел познатиот хеленски математичар.

Питагорината теорема A² + B² = C² којашто важи за трите страни на кој било правоаголен триаголник, е можеби најпознатата теорема во математиката и четвртата најмоќна во практичната употреба. Равенката е именувана по Питагора, кој живеел пред околу 2.500 години, потсетува порталот „ИФЛ Наука“.

– Вавилонците ја знаеле врската меѓу должината на дијагоналата на квадрат (со страна долга една мерна единица, б.п.), и неговата висина, т.е. d (дијагоналата) е еднаква на квадратен корен од 2 (мерни единици, б.п.). Ова е веројатно и првиот број за којшто се знаело дека е ирационален – вели математичарот Брус Ратнер за плочките најдени кај Вавилон кои науката ги датира околу 1770 година пред нашата ера.

Со други зборови, Вавилонците, ја знаеле следната форма на теоремата која се однесува на правоаголен триаголник со две исти катети:

d= a+ a= 2a2

Сепак, Питагора, односно неговите наследници остануваат клучни луѓе во историјата кои помогнале теоремата да стане популарна и да се пренесува, макар и во усна форма, до модерното време, кога постојат многу докази за истата и нејзина примена во вишата математика.

Share This Article
Exit mobile version