САД го засилиле присуството на своите стратешки сили во азискиот регион по посетата на Владимир Путин на Северна Кореја, чиј резултат беше обнова на воената алијанса меѓу Москва и Пјонгјанг создадена на почетокот на 1960-те години.
Според соопштение на Индо-тихоокеанската команда на американските вооружени сили (ПАКОМ), група на нуклерни бомбардери B-1B Lancer биле однесени во воената база Гуам во западниот дел на Тихи Океан.
Суперсоничните авиони со потенцијал да носат бомби со вкупна тежина од 34 тони, долетале на Гуам за да демонстрираат „спремност за реакција во подршка на сојузницие, партнерите и пријателите“, истакнаа денеска од ПАКОМ.
Бомбардерите ќе исполнуваат „плански мисии на бомбардерски оперативни групи“ се вели во соопштението на командата,
Како што пишува изданието „Старс енд страјпс“ (Stars and Stripes) речиси истворемено за првпат на Гуам дошле атомскиот носач на авиони на воено-морските сили на САД „УСС Роналд Реган“ и ракетниот разурнувач „УСС Роберт Смалс“.
Префрлањето на стратешките сили на САД се случува ден по посетата на Путин на Северна Кореја, прва таква посета во 24-те години владеење како лидер на Русија.
Во Пјонгкјанг, рускиот претседател беше пречекан со парада, колона од луѓе покрај патиштата, и гигантск портрети на зградите. за време на посетата Путин потпиша договор за „стратешко и сеопфатно партнерство“ со Северна Кореја.
Документот меѓудругото предвдува и „пружање заемна помош во случај на агресија против еден од учесниците на тој договор“, изјави Путин при кројт на својата посета.
Москва исто така не исклучува и воено-техничка соработка со Северна Кореја иако тоа е забрането со санкции на ОН.
Американскиот Стејт департмент денеска соопшти дека можноста Русија да и испорача оружје на Северна Кореја е „исклучително загрижувачка“.
– Тоа, се разбира, би го дестабилизирало Корејскиот полуостров и потенцијално… ги прекршува резолуциите на Советот за безбедност на ОН што самата Русија ги поддржа – изјави портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер.
Рускиот претседател Владимир Путин претходно денеска изјави дека Москва не ја исклучува можноста да доставува оружје за други земји како одговор на испораката на западно оружје за Украина, пренесе РИА Новости. На прес-конференција во Виетнам, Путин исто така рече дека Русија го задржува правото да испорачува оружје на Северна Кореја.
Русија не ја исклучува испораката на оружје за други земји, како одговор на испораките за Украина, истакна Путин
– Западот нека размисли каде ќе заврши ова оружје – рече рускиот претседател.
Путин најави и дека Москва размислува за можни промени во својата нуклеарна доктрина.