Уште една НАТО земја предупреди за можна војна со Русија

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Романија не е подготвена за потенцијална војна со Русија и мора да се подготви, изјави тамошниот шеф на вооружените сили Георгита Влад.

– Да, населението на Романија, како и целото население на Европската Унија, Европа, мора да биде загрижено – вели Влад во интервју за „Еуропа Либера Романија“, пренесува Политико.

– Доколку (Путин) победи во Украина, главната цел ќе биде Република Молдавија. Ќе бидеме сведоци на тензија во Западен Балкан. Повеќе од убеден сум дека политиката на претседателот Путин ќе ескалира во блиска иднина – додаде првиот романски генерал.

Влад се залага за воведување на доброволна воена обука за мажи и жени до 35 години. Како причина за лошата подготвеност на армијата тој го наведува укинувањето на задолжителната воена служба во Романија.

Тој исто така повика на правни реформи за зајакнување на одбраната на Романија од руските беспилотни летала. Остатоци од еден од беспилотните летала на Кремљ паднаа во Романија во септември минатата година, а дронот не можеше да биде соборен бидејќи романскиот закон не го дозволува тоа, рече генералот.

– Немавме борбени системи – додаде тој.

Повикот на генералот Влад е еден од многуте повици на врховни команданти низ Европа за можниот судир меѓу НАТО и Русија. Британскиот генерал Патрик Сандерс, германскиот министер за одбрана Јакоб Писториус, холандскиот адмирал Роб Бауер и други челници во слични изјави навестија дека нивните земји не се спремни за таков голем конфликт и дека мораат да се вооружат за брзо време.

Москва, од друга страна, го минимизира значењето на западните обвинувања. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров претходно оваа недела ги нарече „апсурдни“ тврдењата дека Русија нема да застане во Украина.

Share This Article
Exit mobile version