Урнебесната комедија во која настапува Тијана Дапчевиќ ќе ги насмее скопјани

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Урнебесната комедија која никого не остава рамнодушен, кончено во Скопје. Музичко-сценскиот спектакл „Веселите девојки’’ во режија на Раде Вукотиќ, а во кој настапува и Тијана Дапчевиќ, на 23-ти март ќе биде изведен на сцената во Македонска Филхармонија.

Претставата е адаптација на истоимениот американски мјузикл. Тоа е приказна за пет најдобри пријателки од детството, кои повторно се собираат на девојачка вечер, во чест на свадбата на ќерката на една од нив. Освен добро познатите музички нумери како што е музичката соработка со Васил Хаџиманов, претставата ја прави интересна и драмскиот конфликт меѓу двете пријателки, во кој, секако, се вклучени и сите останати. Животните приказни на пет различни жени се испреплетуваат – приказни за среќа и љубов, пријателство и доверба, но и незадоволство.

На овој музичко-сценски спектакл ќе настапат Тијана Дапчевиќ, Маја Брукнер, Зорана Павиќ, Јелена Ѓукиќ, Ивана Петерс и Светлана Сретеновиќ.

Влезниците се веќе пуштени во продажба и истите ќе имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе Веро 2 и ЈК Травел во Бисер.

Share This Article
Exit mobile version