Украина заплени два македонски камиони

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Двајца македонски возачи на камиони, кои по речиси две недели чекање на границата меѓу Украина и Полска, добиле дозвола да излезат од државата, меѓутоа без нивните камиони, јавува „Сител“.

Како што објаснува сопственикот на компанијата од Валандово, украинските гранични служби на двајцата возачи им рекле дека имаат пет минути за да ги земат личните работи и да ја напуштат државата, така што им ги заплениле двата камиони, без притоа да им дадат никакво објаснување, а ниту документ за запленувањето.

Освен македонските камиони, биле одземани и неколку руски и белоруски камиони кои во претходните две недели исто така беа заглавени на украинската граница.

Сопственикот на компанијата од Валандово бара помош од институциите за да може да си ги врати возилата кои чинат повеќе од 200.000 евра.

Инаку, двата камиони биле товарени со јаболко кое патувало кон Русија, а во Украина влегле пред да почне воената операција на руската армија на територијата на Украина, но потоа биле пренасочени да се вратат назад, но две недели без никакво објаснување беа држени на украинско-полската граница.

Share This Article
Exit mobile version