Учениците остануваат дома – Од СОНК незадоволни од понудените 10 проценти зголемување на платата

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Учениците и утре нема да се вратат во училишните клупи бидејќи штрајкот продолжува, соопшти Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК).

Од Владата понудиле зголемување на платите за 10 %, по ребалансот на Буџетот кој би бил во мај или јуни, но за СОНК ова е неприфатливо.

Од синдикатот велат дека понудата е дадена усно, а не писмено и дека членството останува на тоа дека штрајкот треба да продолжи се до прифаќање на нивните барања за зголемување на платите од 18,4 отсто.

Share This Article
Exit mobile version