Твитерџиите го нападнаа Милан Калиниќ поради неговата изјава

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Српскиот водител и актер Милан Калиниќ за време на гостувањето во емисијата „Кец на единаесет“ на телевизијата К1 изјави дека нема девојче кое не го штипкал кога бил во основно училиште, а поради неговата изјава добил бројни критики на социјалните мрежи.

„Децата растат во ненормални услови. Јас се сеќавам на моето петто одделение. Немаше девојче што не го штипнав… Сите го правеа тоа. Сега едно 11-годишно момче, кое влегува во пубертет, чии хормони работат, би бил обвинет за сексуално малтретирање“, рекол Калиниќ, а многумина сметаат дека неговата изјава е проблематична и тврдат дека се обидува да го нормализира таквото однесување.

 

 

„Мислев дека не е можно уште повеќе да го мразам овој човек“, „Тој треба да знае дека таквите момчиња им оставиле најодвратни спомени на девојчињата што ги допирале без да ги прашаат“, „Каков кретен“, „Јас сум помлад од оваа личност, а доста постар од неговиот син. Кога јас бев на таа возраст тоа не беше многу често. Во машкото општество повеќе се зборуваше за фантазиите. Според ова, девојчињата треба да трпат секакви прости работи затоа што хормоните на момчињата работат“, се некои од коментарите.

Некои потсетија на фактот дека Калиниќ во 2019 година му скрши глава на навивач на Црвена звезда пред натпреварот против Партизан. Тој влезе во Пионир непосредно пред почетокот на натпреварот.

Прво беше прогласен за виновен и осуден на условна казна од 10 месеци затвор, но подоцна судот во Белград го ослободи од обвиненијата за насилничко однесување.

Share This Article
Exit mobile version