Старее со стил и има свој ритуал, а фановите ја обожуваат

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Џенифер Анистон (54) објави видео на кое се гледа нејзината седа коса, а нејзините следбеници се фасцинирани од тоа како таа изгледа во природно идание, без боја и без многу шминка.

Ѕвездата на серијата „Пријатели“ доби многу пофалби во своето најново видео на Инстаграм, кое се фокусира исклучиво на нејзината коса.

Во краткото видео, актерката има едвај видлива шминка, а целта на видеото е всушност за да го промовира нејзиниот бренд, односно третман за обновување на косата.

 

– Можете да го користите еднаш неделно. Ставете на косата, исчешлајте, ставете крпа, спијте со него еден час, што сакате!  – рече таа за овој интензивен третман.

Иако 54-годишната актерка не ја спомна нејзината седа коса, нејзините следбеници во коментарите ја пофалија за промената.

– Браво што ја вративте седата коса – такво освежување – напиша еден од фановите на славната актерка.

Џенифер Анистон дефинитивно добро се носи со годините и старее со стил.

- Advertisement -

– Сите ќе пораснеме и ќе остариме. Не можете да го негирате, тоа е загарантирано. Но, можеме да бидеме витални и можеме да напредуваме во нашите постари години. Нашето општество сака да вели: „Ох, вие сте толку стар, сега одите надолу и готово, чао. Вие веќе не сте вредни или корисни за општеството“. Сето тоа е толку погрешно – изјави Џенифер Анистон во интервју за E!

 

- Advertisement -

А, виталност по рецепотот на славната актерка значи грижа се за себе и за својот мир со еден едноставен ритуал – без телефон, без е-пошта, без пораки и без социјални мрежи.

– Не гледајте ништо од тоа час, час и половина. Топло препорачувам да го повторувате една недела, нема да верувате во разликата што ја прави – советува Џенифер Анистон.

Share This Article
Exit mobile version