За 20 дена ќе се знае судбината на изгорениот мост

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Градоначалничката Данела Арсовска денеска истакна дека според прелиминарните резултати мостот „Беласица“ може да биде пуштен за пешаци, велосипедисти и една лента, но дека не сакаат да ризикуваат додека не го добијат целосниот извештај од експертите.

– За 20 дена се очекува да заврши експертизата и тогаш ќе се знае подетално каква интервенција треба – рече Арсовска.

Првичните испитувања на експертите покажале дека мостот можат да го користат пешаци и велосипедисти, а и да се отвори по една коловозна лента. Сепак, за 20 дена ќе биде доставен целосниот извештај со презицни информации.
– До оној момент, додека не сме убедени дека безбедноста на граѓаните ќе биде заштитена со пуштањето на сообраќајот, ние нема да преземеме ништо посериозно со што би ја довеле во прашање безбедноста – рече Арсовска.

Таа посочи дека според првичните информации од истражните органи пожарот е подметнат.

Мостот „Беласица“ не се користи за сообраќај од средината на мај. Во пожарот беа запалени електрична инсталација и обвивката од цевководите за парно греење.

Share This Article
Exit mobile version