Марко Менгони со песната „Due vite“ е победник на овогодинешното 73-то издание на Санремо, еден од најстарите и најпопуларни фестивали во светот

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Марко Менгони со песната „Due vite“ е победник на овогодинешното 73-то издание на Санремо, еден од најстарите и најпопуларни фестивали во светот.

Пет од дваесет и осумте песни кои учествуваа на натпреварот се квалификуваа за саботното суперфинале, а победи 34-годишниот пејач, кој беше познат како фаворит, па неговата победа не беше неочекувана.

Победникот на Санремо ќе ја претставува Италија на Евровизија во Ливерпул. Менгони стана познат на италијанската музичка сцена во 2009 година, по победата во третата сезона на италијанскиот „Икс-фактор“.

Оттогаш снимил седум ЦД-а и продаде 2,8 милиони плочи. Ова не беше негов прв настап во Санремо. На тој фестивал дебитираше во 2010 година, а потоа учествуваше на него во 2013 година.

Тоа беше 63-тото издание на Санремо каде што победи со неговата песна „The Essential“, која му обезбеди настап на Евровизија во Шведска, каде што постигна многу добар успех: го освои седмото место.

Share This Article
Exit mobile version