Средбата за која говори целата планета, ниту Зеленски не веруваше кој му се приближува

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретнаа во Брисел на самитот на Европската унија, а на социјалните мрежи се појави видео од нивниот поздрав и краток разговор.

Зеленски седел кога во еден момент му пришол претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, а по него Орбан му подаде рака на украинскиот претседател.

Зеленски потоа стана и се ракуваше со Орбан. Не се знае за што зборувале, но нивните изрази на лицето и гестовите покажале дека се емотивно вклучени во разговорот.

Зеленски во еден момент ја ставил раката на рамото на Орбан, додека унгарскиот премиер цело време мавташе со рацете.

Украина денеска потпиша договори за безбедност со Европската унија, како и со Литванија и Естонија.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан инаку е познат како еден од ретките политичари кој застана на страната на рускиот претседател Владимир Путин од почетокот на руската таканаречена „специјална воена операција“. Тој до неодамна остро се противеше на испраќање оружје во Украина и ја „блокираше“ политиката на воведување санкции кон Руската Федерација.

 

Share This Article
Exit mobile version