Со клонирање создал овца од 150 килограми

By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Фармерот Артур Џек Шубарт (80) од Монтана (САД) завршил на суд затоа што нелегално одгледувал огромни мутанти овци за да ги продаде во приватни ловечки резервати по цена до 10.000 долари, пишува Телеграф.

Шубарт, кој поседува ранч од 215 хектари во Вон, Монтана, пред судот се изјасни за виновен за трговија со диви животни и заговор за трговија со диви животни.

Обвинителите велат дека тој незаконски користел ткиво и тестиси од диви овци убиени од ловци во Централна Азија и САД за да одгледува хибридни овци за продажба.

Според судските документи, Шубарт соработувал со уште најмалку 5 луѓе меѓу 2013 и 2021 година за да создаде поголема хибридна раса овци која би имала високи цени на ловечките засади, каде што луѓето плаќаат за ловење трофејни животни во заробеништво.

-Ранчот на Шубарт е специјализиран за купување, продавање и одгледување „алтернативен добиток“ како планински овци, планински кози и разни други копитари – тврдат обвинителите.

Тие велат дека Шубарт од Киргистан во Америка тајно донел делови од најголемата овца во светот, овците аргали, познати и како овци „Марко Поло“.

Машките овци „Марко Поло“, кои потекнуваат од планините на регионот Памир во Централна Азија, можат да тежат повеќе од 140 килограми со рогови кои можат да се протегаат повеќе од метар и половина.

Тој вид е под меѓународна заштита, а на суд беше кажано дека нивното одгледување во Монтана е забрането за да се заштитат домашните овци од болести и хибридизација, односно вкрстување на различни видови.

Обвинителите велат дека Шубарт испратил генетски материјал од делови од телото на овци аргали во лабораторијата каде што биле создадени клонираните ембриони. Потоа, тој ги всадил ембрионите во овци на својот ранч, што резултирало со единствена, генетски чиста машка овца аргали која ја нарекол „Крал на планината Монтана“ или ММК која е висок 125 сантиметри и тежи до 145 килограми.

- Advertisement -

За споредба обичната овца е висока 80 сантиметри и може да тежи 125 килограми. дивата овца аргали „Марко Поло“, расте до 120 сантиметри и може да тежи 140 килограми.

 

На судот му беше кажано и дека Шубарт, заедно со соработниците, користеле семиња од планината Монтана за вештачко оплодување на разни други видови овци и создавање хибридни животни.

- Advertisement -

Шуберт продал едно од хибридните животни на некои луѓе во Тексас за 10.000 долари.

Со цел да ги продатдат забранетите овци во и надвор од Монтана, Шубарт и други фалсификувале сертификати за ветеринарна инспекција, лажно тврдејќи дека овците се законски дозволени видови.

Обвинителите рекоа дека Шубарт, исто така, продавал семе од Montana Mountain King директно на фармерите на овци во други држави.

-Ова беше храбра шема за создавање големи хибридни раси овци кои ќе се продаваат и ловат како трофеи – рече помошникот државен обвинител Тод Ким.

Share This Article
Exit mobile version