Четири лица се ранети во пукотница во Хаген, во западна Германија, а осомничениот сторител е во бегство

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Четири лица се ранети во пукотница во Хаген, во западна Германија, а осомничениот сторител е во бегство, соопшти полицијата.

Според достапните информации на германските медиуми, осомничен е Мехмет О. (34) кој пукал во глава на својата бремена сопруга за чиј живот се борат лекарите.

Откако пукал во нивниот заеднички стан, тој се качил на седмиот кат во зградата и испукал уште шест куршуми во заклучена врата на стан, пришто не повредил никого. Потоа седнал во возило „мерцедес“ и отишол до фризерски салон на два километра оддалеченост од зградата, каде испукал неколку куршуми со кои повредил уште три лица.

– Бев во шок кога разбрав што се случило. Не можам да објаснам зошто го направил тоа. Колку што знам, немаше никакви проблеми и беше мирен човек. Со сопругата имаат четири деца – изјави негов роднина за германските медиуми.

Полицијата трага по напаѓачот. Околната шума се пребарува од специјални полициски сили, кучиња трагачи, дронови и полициски хеликоптер.

Share This Article
Exit mobile version