Шестгодишно дете почина на плажа во Грција откако било извлечено од морето без свест

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Шестгодишно дете почина на плажа во Грција откако било извлечено од морето без свест. Трагедијата се случила вчера попладне на плажата Мегало Кавуриу во Атика – јавија грчките медиуми.

Момчето веднаш било пренесено во болница, но лекарите можеле само да констатираат смрт.

Според првите информации, детето било на плажа со родителите кои по несреќата биле приведени.

Во саботата, нешто по 18 часот, детето се оддалечило од родителите кои кампувале во шумата зад брегот и нурнало во морето. Во еден момент од непозната причина детето било видено со главата надолу во водата, не се движело, па капачите почнале да викаат помош.

Спасителот, кој ја набљудувал плажата, допливал до местото на настанот и со помош на капачи го извлекол шестгодишното дете на брегот, пренесува „Прототема“.

Според информациите, родителите на детето не разбрале што се случило, не забележале кога тоа се оддалечило од нив и кога влегло во водата.

– Околу шест часот попладне капачите извикуваа дека има дете во морето. За извлекување на детето бил повикан спасител од попладневната смена. Го извадил од морето. Беше во несвест, веднаш беше извршена реанимација според протоколот, потоа му беше применет дефибрилатор кој покажа срцева асистолија, што значи дека детето не давало знаци на живот. На плажата имало и двајца лекари и медицинска сестра, кои му помагале на спасувачот. За жал, и покрај натчовечките напори, детето не покажало знаци на закрепнување – изјавил спасувачот во утринската смена.

Двајца родители се уапсени под обвинение за загрозување на малолетно лице, додека на телото на шестгодишното дете се очекува обдукција за да се утврди точната причина за неговата смрт.

Share This Article
Exit mobile version