Шенон Доерти откри дека нејзиниот рак се проширил: „Мојот страв е очигледен“

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
LOS ANGELES, CA - JANUARY 18: Actress Shannen Doherty attends Paramount Network Launch Party at Sunset Tower on January 18, 2018 in Los Angeles, California. Earl Gibson III/Getty Images/AFP (Photo by Earl Gibson III / GETTY IMAGES NORTH AMERICA / Getty Images via AFP)

Актерката Шенон Доерти која ја сакавме во хит серијата Беверли Хилс 90210 на својот профил на Инстаграм откри дека нејзината битка со ракот продолжува.

Ракот на дојката со кој се борела со години се проширил и на нејзиниот мозок, а тоа го открила на скенирањето кое го направила во јануари оваа година.

Емотивно видео на кое се гледа како актерката поминува низ зрачење, Шенон објавила токму сега на социјалните мрежи и признала колку е тешка оваа битка за неа.

„Мојот страв е очигледен, многу сум каустрофобичен, толку многу ми се случија во животот. Но, тој страв… превирањата… тајмингот на сето ова… Еве како може да изгледа ракот“, напиша таа во својата објава.

На Шенон, која го толкуваше ликот на Бренда во серијата Беверли Хилс 90210, првпат и беше дијагностициран рак на дојка во 2015 година, по што беше подложена на мастектомија и третмани со хемотерапија и зрачење.

Иако во 2017 година ја добила веста дека ракот е во ремисија, во 2020 година дознала дека ракот е во напредна фаза.

Во текот на април оваа година во медиумите се појави веста дека Шенон се разведува од сопругот Курт Исвариенко по 11 години брак. Веста за разводот ја потврди и нејзиниот претставник за медиумите.

Шенон ја продолжува својата битка со злобната болест, честопати документирајќи ги вестите на социјалните мрежи за да ја подигне свеста кај луѓето да одат на лекар на редовни прегледи.

Share This Article
Exit mobile version