Се засилуваат повиците за бојкот на Светското фудбалско првенство

By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Европските земји имаат резерви околу присуство на Светското фудбалско првенство во Катар, поради очајната состојба со човековите права во оваа земја. По германските критики упатени деновиве, денеска и во белгиската влада се појавија поделби за тоа дали владини претставници треба да има на мечевите на првенството во Катар.

На социјалните мрежи пред неколку дена се појави иницијатива која бара да се бојкотира светското првенство во Катар, барање кое го поддржуваат повеќе невладини организации кои се занимаваат со човекови права.

Белгиската владина коалиција не успеа да се согласи дали треба да испрати делегација во Катар доколку фудбалската репрезентација бележи успеси на Светското првенство, јави дописничката на МИА од Брисел. Засега одлуката што е на маса помеѓу владините партнери е дека во Катар ќе отпатува владина или кралска делегација само доколку Белгија се квалификува за полуфинале.

Откако Катар беше именуван за домаќин на Светското фудбалско првенство оваа година, на Запад се зголемија критиките за начинот на кој се третираат работниците од странство – обично мигранти. Дополнителни грижи предизвикува тамошниот однос на властите кон човековите права и личните слободи, посочува ДПА.

Катар се жалеше на овие критики и ги нарече „расизам“

– Германската критика на политиката за човекови права на Катар во пресрет на Светското фудбалско првенство изгледа лицемерна – изјави министерот за надворешни работи на Катар Мохамед бин Абдел-Рахман, мислејќи на германската подготвеност да склучи договори за гас со земјата за да се обезбеди снабдување со греење.

Министерот за надворешни работи ги нарече европските критики за Катар „многу расистички”, во коментар за денешното издание на весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг”.

– Од една страна, германскиот народ е погрешно информиран. Од друга страна, пак, владата нема проблем со нас кога станува збор за енергетски партнерства или инвестиции – потенцираше шефот на катарската дипломатија.

Сепак, Катар е клучен глобален производител на гас, кој стана поскап по руската инвазија на Украина. Конфликтот ги поттикна повеќето западни земји да започнат со бојкот на Русија, која ги затвори „славините за гас” за повеќето западни земји. Така, неколку светски лидери – вклучително и оние од Германија – го посетија Катар во последните месеци во обид да обезбедат резерви.

- Advertisement -
Share This Article
Exit mobile version