Се заострува ситуацијата во Црвеното Море

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Сè поголеми се тензиите и сè понестабилна е ситуациајта на Блискиот Исток откако американски разурнувач денеска соборил 14 беспилотни летала лансирани од јеменските Хути во Црвеното Море.

„Во раните утрински часови на 16 декември, по јеменско време, американскиот разурнувач „УСС Керни“, што се наоѓа во Црвеното Море, успешно собори 14 беспилотни летала лансирани од територијата на Јемен контролирана од Хутите“ – се наведува во соопштението од американската Централна команда.
Американската морнарица додава дека не е причинета штета на бродовите во реонот, а нема ниту повредени.

Истиот ден, француската бродска групација CMA CGM соопшти дека го суспендира целиот транспорт преку Црвеното Море по нападите врз трговските бродови во регионот.

„Ситуацијата се влошува и загриженоста за безбедноста расте. Затоа, решивме сите товарни бродови на компанијата CMA CGM во областа, кои се упатија кон Црвеното Море, да останат во безбедни области и да го паузираат натамошното патување“ – соопшти бродската група опд Марсеј.

Share This Article
Exit mobile version