Се намалува бројот на новоинфицирани, преовладува омикрон и подгрупата стелт

By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Изминатата недела за 28,2 отсто намалн е бројот на позитивни случаи на коронавирус. Регистрирани сe 6.119 нови позитивни случаи од 34 градови, се пријавени се 863 реинфекции и 106 смртни случаи, соопшти Министерството за здравство.

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 14 до 20 февруари, тестирани се вкупно 23.396 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 11,2 отсто во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје  вкупно 3.262 или  53,3 отсто, а највисока неделна инциденца е регистрирана во Неготино – 519,1/100.000, Скопје – 514,3/100.000 и Кавадарци – 507,4/100.000.

Процентот на позитивност се движи од 16,7 отсто до 31,1 отсто или ппросечно 25,8 отсто.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години 1.482 или  24,2 отсто. Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 години вкупно 327 или  5,3 отсто.

Се забележува намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи, со најзабележително намалување од 31,5 отсто во возрасната група од 20 до 29 години и 31,2 отто кај лицата на возраст од 50 до 59 години.

Согласно новиот алгоритам за оздравување во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 8.797 лица во хоспитализирани услови или на домашно лекување. Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 863 реинфекции, со намалување за 29,8 отсто  во однос на претходната недела. Пријавени се 106 смртни случаи во 23 градови во текот на изминатата недела, за 27,9 отсто помалку во однос на минатата недела. Најголем дел од нив се од Скопје (41). Во однос на возраста, најголем број 101 од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 50-59 години (4) и 40-49 години (1).

Во „Лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика“ при ИЈЗ на РСМ, во текот на изминатата недела, кај 49 позитивни примероци на SARS-CoV-2 од болнички и примероци од пунктовите е направено PCR тестирање за детекција на Омикрон сојот.

Позитивните примероците се одбрани од тестираните позитивни во период од 14 до 20 февруари, од следните градови: Скопје, Кавадарци, Тетово, Охрид, Струга, Кочани, Велес, Свети Николе, Штип, Виница и Гевгелија.

- Advertisement -

Во 59,2 отсто од испитуваните примероци е докажана BA.1 сублинијата на Омикрон.

Во 40,8 од испитуваните примероци е докажана BA.2 сублинијата на Омикрон – позната уште и како „stealth“.

Заклучно со 20 февруари вакцинирани се вкупно 869.763 лица со барем една доза на вакцина против COVID-19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 848.573 лица, а со трета доза се вакцинирани 140.455 лица.

- Advertisement -
Share This Article
Exit mobile version