Расчистени тешки кражби во Кочани, одземеното вратено на сопствениците

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
По преземени мерки и активности, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кочани при СВР Штип расчистија две кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „тешка кражба во обид“ извршени на 29.01.2024 на територијата на општина Кочани од бутик, автоперална и сендвичара, од каде се одземени разни предмети и пари.
Поради постоење основи на сомнение дека се сторители на делата, во полициска станица биле повикани двајца малолетници од Кочани. Во службен разговор тие ги признале кривичните дела. Украдените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани. По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Share This Article
Exit mobile version