Ракетен напад врз база во Ирак

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

База во Ирак, каде што се стационирани американски војници, денеска беше погодена од ракетен напад, изјави извор од ирачките безбедносни сили, пренесе Бета.

Засега не се знае дали има штета или повредени.

Пред неколку дена во американски напад беа убиени четворица проирански вооружени лица од Ирак.

– Ракети беа истрелани врз базата Аин ал Асад во провинцијата Ал Анбар – изјави извор од безбедносните сили.

Командантот на проиранската вооружена група, чии борци беа убиени пред неколку дена, изјави дека најмалку две ракети биле истрелани врз американската база.

Расте стравот од избувнување на поширок регионален конфликт како резултат на војната на Израел со палестинската милитантна организација Хамас.

Share This Article
Exit mobile version