Путин му помогнал на Ким Џонг Ун за да го лансира шпионскиот сателит?

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Северна Кореја тврди дека нејзиниот сателит кој неодамна го лансираше околу Земјата испратил деатални снимки од Белата куќа, Пентагон и од американските нуклеарни носачи на авиони. Снимките, наводно, ги видел претседателот на земјата, Ким Џонг-Ун, пренесува Ројтерс.

Претставници на јужнокорејските разузнавачки служби рекоа дека веруваат оти Русија му помогнала на Пјонгјанг да го лансира „малигионг-1“ во замена за муниција за војната во Украина.

Постоењето на фотографиите не е независно потврдено, а експертите велат дека е рано да се каже дали шпионскиот сателит „малигионг-1“ функционира правилно, седум дена по лансирањето.

Државните медиуми во Пјонгјанг велат дека сателитот снимил и фотографии од американската поморска база, бродоградилиште и аеродром во Вирџинија. Снимките, како што наведуваат, вклучуваат четири американски носачи на авиони на нуклеарен погон и еден британски носач на авиони.

Ким Џонг Ун доцна вечер во понеделникот организираше голем банкет по повод „новата вселенска ера“ и ја претстави „Ната“, севернокорејската „НАСА“. Претходно беше објавена снимка од лансирањето.

Северна Кореја тврди дека сателитот фотографирал и воени инсталации во Јужна Кореја, како и од американската пацифичка територија Гуам и државата Хаваи. Ниту една од сликите не е објавена во јавноста.

Шпионскиот сателит предизвика гнев во Советот за безбедност на ОН. Санкциите на ОН се однесуваат на севернокорејските сателити, бидејќи содржат забранета технологија што се користи во програмата за балистички ракети на режимот.

Севернокорејскиот амбасадор во ОН, Ким Сонг ги обвини критичарите за лицемерие.

– Една завојувана страна, САД, ни се заканува со нуклеарно оружје. Легитимно право на Северна Кореја како друга завојувана земја е да развива, тестира, произведува и поседува системи за оружје еквивалентни на оние што САД ги поседуваат или ги развиваат –  рече Ким Сонг.

- Advertisement -
Share This Article
Exit mobile version