Првиот човек на македонската кошарка гостин во НБА

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Претседателот на Македонската кошаркарска федерација, Перо Антиќ, деновиве престојува во САД на покана од неговиот поранешен клуб Атланта хоукс.

Во главниот град на Американската сојузна држава Џорџија, предводникот на македонската кошарка, имаше убава можност да се сретне и со дел од соиграчите со кои во периодот од 2013 до 2015 година, „делеше и добро и лошо“, меѓу кои се и еден од најдобрите шутери за три поени во најсилната лига во светот, Кајл Корвер, како и Екпе Јудо, кој сега е дел од стручниот тим на Атланта, а заедно со Антиќ беше дел од славниот тим на Фенербахче од Истанбул со кој стигнаа и до титулата на шампион во Евролигата.

 

Антиќ присуствуваше на натпреварот помеѓу екипите на Атланта Хоукс и Мајами Хит, и да му даде поддршка на тимот од Џорџија, за кој сега настапува уште еден негов голем пријател, српскиот кошаркар Богдан Богдановиќ.
А, стигна да помуабети и со Никола Јокиќ пред мечот на Денвер нагетс.

 

Share This Article
Exit mobile version