Манчестер Сити е досаден и невидлив?! Пеп Гвардиола одговори на провокацијата: „Благодарам за комплиментот“

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Soccer Football - Champions League - Semi Final - First Leg - Real Madrid v Manchester City - Santiago Bernabeu, Madrid, Spain - May 9, 2023 Manchester City manager Pep Guardiola before the match REUTERS/Isabel Infantes

Пеп Гвардиола не му остана должен на Гери Невил кој изјави дека Манчестер Сити е „досаден“.

Имено, тој термин го употреби Невил кога ја опишуваше убедливата победа на Сити против Копенхаген (3:1) во Лигата на шампионите.

„Од нас зависи колку сме задоволни, тоа ни припаѓа. Ако луѓето не го ценат тоа, не е важно. Тоа не е голем проблем. Важно е да сме мирни за себе, а не за нечии комплименти или жалење“, изјави Гвардиола.

Невил му кажа на Сити дека е „негледалив“, што беше контрадикторно од неговиот поранешен соиграч Рој Кин, кој го пофали тимот на Гвардиола како „брилијантен“. Каталонецот вели дека верува дека вистинските познавачи на играта му даваат заслуга на Сити.

“Што да кажам? Му благодарам на Невил за „комплиментот“. Нам ни се восхитуваат, прилично сум сигурен, луѓе во фудбалскиот свет кои знаат колку е тешко да се биде на врвот шест или седум години во сите натпреварувања. Ќе кажам нешто: „Изгледа лесно, но не е“. Запомнете ја оваа реченица: „Изгледа лесно, но не е“. Противниците не почитуваат. Понекогаш тоа што го правиме не е доволно за луѓето, но знам колку е тешко“, ја заврши „кавгата“ со Невил Гвардиола.

Share This Article
Exit mobile version