Претседателот Пендаровски ги прими амбасадорите на САД, Обединетото Кралство, Германија, Италија и Франција при ОБСЕ и амбасадорите на ОБСЕ и на САД во Северна Македонија

By Saso 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими шефот на мисијата на ОБСЕ во Република Северна Македонија, Килиан Вал, и амбасадорите при мисијата на ОБСЕ на САД, Мајкл Карпентер, на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Неил Буш, на Германија, Геса Браутигам, на Италија, Стефано Балди и на Франција, Кристин Фаж. На средбата присуствуваше и амбасадорката на САД во Северна Македонија, Анџела Агелер.

Претседателот Пендаровски и амбасадорите разменија мислења за актуелните состојби и случувања во Европа и регионот, како и за приоритетите на македонското претседавање со ОБСЕ.

Соговорниците разменија информации за улогата на ОБСЕ во контекст на руската инвазија врз Украина и неодложната потреба за обнова на мирот и стабилноста и спречување на натамошни конфликти.Претседателот Пендаровски посочи дека Северна Македонија е целосно подготвена да ја преземе одговорноста и да се соочи со сите предизвици.

 

Share This Article
Exit mobile version