Пред пратениците во Собранието денеска ќе се најде францускиот предлог, а претходно на пленарна седница обраќање ќе има Урсула фон дер Лајен

By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
European Commission President Ursula von der Leyen speaks during a press conference at the Conference on the Future of Europe and the release of its report with proposals for reform, in Strasbourg, eastern France, on May 9, 2022. (Photo by Ludovic MARIN / POOL / AFP)

Пред пратениците во Собранието денеска ќе се најде францускиот предлог, а претходно на пленарна седница обраќање ќе има претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Неизвесно е дали токму денеска ќе биде објавен протоколот иако министерот за надворешни работи Бујар Османи синоќа за ТВ24 изјави дека овој документ ќе биде објавен пред да биде ставен потпис на него.

Османи нагласи дека во Протоколот, како и во целиот француски предлог нема ништо спорно, како и дека и Бугарите се незадоволни од предложениот компромис.

– Тие не се задоволни, затоа што треба да признаат македонски јазик, официјално во Европската Унија. Тие не се задоволни што нема поглавја, што нема одредници, единствено што добија е промена на Уставот за да бидат внесени Бугарите. Ништо повеќе нема во францускиот предлог како компромис, освен тоа – рече Османи.

Претседателката на ЕК, Фон дер Лајен ќе се обрати пред Собранието, во рамки на 80-тата пленарна седница, на која како што е најавено се поканети и претставници на дипломатскиот кор. По завршување на седницата, Собранието ќе ја одржи и 81-та пленарна седница, на која пратениците ќе расправаат за Информација за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија, предложена од Претседателството на Франција со Советот на Европската Унија на 30 јуни 2022 година, по што ќе треба и да бидат усвоени заклучоци, односно насоките што ќе ѝ бидат испорачани на Владата.

Во врска со очекувањата од денешната седница во Собранието, на чиј дневен ред е францускиот предлог, премиерот Димитар Ковачевски во интервју за МИА вчера изјави дека од пратениците очекува да размислуваат државнички, како претставници на народот, а не само на партиите.

– За одлуката во Собранието, очекувам плодна и суштинска дискусија, очекувам дека пратениците ќе бидат на ниво на задачата, која е пред нив и дека ќе размислуваат државнички и трезвено, како им доликува, како претставници на народот, а не само на политичките партии – рече во интервју за МИА премиерот Ковачевски.

Ковачевски нагласи дека во Собранието најпрво ќе се отвори дискусија, а потоа и ќе се донесат заклучоците, со кои ќе се задолжи Владата да постапува согласно одредени принципи од кои нема да смее да отстапи, а сѐ со цел заштита на позициите, кои, како што рече, нам како држава ни се најважни во целиот овој процес.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска ќе биде примена од претседателот на државата Стево Пендаровски, а ќе оствари средби и со претседателот на Владата Димитар Ковачевски и со претседателот на Собранието, Талат Џафери.

- Advertisement -

Додека пратениците ќе бидат во Собранието, пред зградата на законодавниот дом ќе има протести. Од Левица соопштија дека нивните активисти кои досега кампуваа пред Влада, денеска ќе се преселат пред Собранието, за каде во 12 часот ги повикаа граѓаните на протест.

Share This Article
Exit mobile version