Поранешниот воен полицаец имал конфликт со мајка му

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Пензионираниот воен полицаец Крешимир Пахоки (51) уби пет лица во Домот за стари и изнемоштени лица во Дарувар, нешто по 10 часот, а повреди уште неколку. Шестото лице подоцна почина во болница. Една од жртвите била неговата мајка. Четири лица се опоравуваат во болница.

51-годишниот маж дошол во Домот и почнал да пука од пиштол. Според сè уште непотврдени информации, убиецот дошол во домот за стари лица со образложение дека сакал да ја плати сметката за мајка си. Потоа почнал да пука кон вработените и жителите на домот.

Сега протече можен мотив за ужасното злосторство.

Како што јави ХРТ, причина за масакрот е конфликтот на осомничениот со неговата мајка, која наводно им го префрлила имотот на сопствениците на домот бидејќи нејзината пензија била премала за да може да го плати престојот.

Хрватскиот министер за внатрешни работи, Давор Божиновиќ не можеше да го потврди ова бидејќи рече дека не смее да открие што е предмет на истрагата, но посочи дека сторителот е пронајден и уапсен во рекордно време.

Share This Article
Exit mobile version