По која ЕУ-директива тој закон доби европско знаменце, прашува „Сакам да работам“

By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

 Министерот за информатичко општество и администрација јавно соопшти дека е скандалозно што три закони за реформа на јавната администрација, два за дигитализација и законот за медиуми, кои се поднесени со европско знаме се подолг период заглавени во Собранието. Наместо да се посветат на овие реформи кои се од витално значење за нашата интеграција во Европската Унија, пратениците прва задача со која се зафатија во новата 2024 беше туркањето на сила на Предлог-законот за измени и дополнување на законот за игри на среќа со ЕУ знаме во Комисијата за европски прашања – се вели во реакцијата на Здружението на вработени во сектор игри на среќа „Сакам да работам“.

Ова е прв пат во историјата на законодавниот дом, законски измени од оваа сфера да не бидат разгледување во Комисијата за финансирање и буџет. Уште повеќе, на последниот трет ден од амандманската расправа, претседателот на комисијата дозволи вкупно да се работи едвај два часа и на крајот свесно не дозволи гласање за амандман поднесен од пратеник на владејачкото мнозинство со кој ќе се спасеше судбината на вработените во секторот игри на среќа. Нема друг пример во законодавен дом на земја членка на НАТО, која истовремено сака да стане полноправен член на Европската Унија, да се спречува гласање на народни избраници со деловнички акробации и тоа за прашања кои третираат илјадници работни места и стотици милиони евра годишни приходи во Буџетот на Република Северна Македонија.

Клучното прашање е каков „зорт“ има некој штом инсистира во рок од 10 дена во јануари да ја заврши комисиската расправа за десетици амандмани и да ги стави измените на пленарна седница на изгласување? Која е таа ЕУ-директива која предвидува затворање на легалните објекти за игри на среќа и отворање на диви играчници по подруми? Со која ЕУ-директива се усогласува домашното законодавство кога оставаат без работа 10 илјади вработени?

Владата на 16 јануари 2024 донела Програма за распределба на средствата од игрите на среќа и забавните игри за тековната година за финансирање на националните спортски федерации и проекти на Агенцијата за млади и спорт за унапредување на спортот во Република Северна Македонија.

На истата седница Владата донела и Одлука за распоредување на приходите од игри на среќа во тековната година за финансирање на годишните програми на националните инвалидски организации, нивните здруженија и нивната Асоцијација, на Здруженијата за борба против семејно насилство и Црвениот крст. Ова е уште една потврда дека средствата од легалните игри на среќа се користат за проекти од исклучително општествено значење. Доколку пратениците ги изгласаат скандалозните и противуставни законски измени ќе скратат 280 милиони евра или повеќе од пет проценти од проектираните приходи за 2024 во Државниот Буџет. За тоа некој ќе мора да понесе одговорност!“ – се вели во соопштението на „Сакам да работам“.

 

Share This Article
Exit mobile version