Вашингтон ги предупреди американските граѓани

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Амбасадата на САД во Русија ги предупреди американските граѓани да избегнуваат собири во Москва поради извештаите дека екстремистите имаат непосредни планови за напад.

Амбасадата на САД, која повеќепати ги повикуваше американски граѓани веднаш да ја напуштат Русија, не сподели повеќе детали за природата на наводната закана, но предупреди дека граѓаните треба да избегнуваат гужви и да бидат свесни за нивната околина, пренесува Ројтерс.

„Амбасадата ги следи извештаите дека екстремистите имаат непосредни планови да таргетираат големи собири во Москва, вклучително и концерти, а на граѓаните на САД им се препорачува да избегнуваат големи собири во следните 48 часа“ – се вели во соопштението на американската амбасада на својата веб-страница.

Во четвртокот Федералната служба за безбедност (ФСБ) на Русија спречила терористички напад на украинските специјални служби во кој учествувал државјанин на Белорусија во Руската Република Карелија, кој бил неутрализиран откако отворил оган врз членовите на ФСБ, соопшти Центарот за односи со јавноста. .

Се посочува дека импровизираната експлозивна направа содржела делови произведени во Велика Британија и САД.

Кремљ објави дека односите меѓу Москва и Вашингтон никогаш не биле полоши и дека САД се борат против Русија поддржувајќи ја Украина со пари, оружје и разузнавачки информации.

Share This Article
Exit mobile version