Општина Центар го раскина договорот со фирмата

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Фудбалското игралиште во училишниот двор на ООУ „Киро Глигоров“, кое училиштето со договор го отстапи на користење на приватна компанија, ќе остане во постојната состојба и нема да се дава под закуп.

Овој заклучок произлезе од денешната средба помеѓу градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски и претставниците на компанијата која го имаше склучено договорот за отстапување на користење на игралиштето.

Иако постапката за отстапување на фудбалското игралиште од училиштето е целосно законска и преземени се сите неопходни чекори за склучување на договорот, игралиштето нема да се дава под закуп.
– По одржаните состаноци и во консултација со органите на училиштето и закупецот на просторот, заеднички одлучивме игралиштето да го задржиме во постојната состојба, односно да се раскине договорот и да биде отворено цело време за да може децата слободно да го користат – изјави градоначалникот Герасимовски.

Мојата идеја, изјави Герасимовски, е да помогнеме и да најдеме решение за состојбите со зголемените режиски трошоци, но сепак примарен интерес е да овозможиме среќно детство и непречено користење на игралиштето на децата кои посетуваат настава во најубавото училиште во државата, гордоста на Општина Центар – ООУ „Киро Глигоров“.

Градоначалникот додаде дека децата и нивната добросостојба се секогаш на прво место, а Општина Центар и во иднина ќе продолжи да обезбедува најдобри услови за настава и правилен развој на сите деца кои живеат во општината.

закупигралиште

Share This Article
Exit mobile version