Од ВМРО-ДПМНЕ бараат Спасовски да каже кој е човекот со сина кошула од снимката

By Saso 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

ВМРО- ДПМНЕ и денеска обвини дека власта на СДСМ и ДУИ и Министерството за внатрешни работи се обидуваат да прикријат дека висок функционер во МВР заштитува лице кое учествувало во вооружен напад врз полиција.

– Спасовски и МВР молчат за каубојската престрелка која се случила во Чаир, во која лице осудено на затворска казна пука врз полицијата, а потоа е ослободено по интервенција на Ариф Асани функционер на ДУИ и втор човек во БЈБ – велат од партијата.

Оттаму додаваат дека и за овој случај никој немаше да дознае, ако не излезеше снимка на социјалните мрежи.

– Оливер Спасовски и МВР треба да одговорат дали лицето  во сина кошула од јавно објавената снимка  е Ариф Асани, заменикот директор на БЈБ? Дали заменик директорот на Бирото за јавна безбедност е снимен од камерите како трча кон полициските службеници, а тие по разговор со него го пуштаат да замине лицето кое ја нападнало полицијата?- прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата обвинуваат дека власта на СДСМ и ДУИ наместо да ја штити безбедноста на граѓаните и службените лица, се грижи за безбедноста на криминалците и мафијашите.

– Затоа криминалот царува, а мафијашите се чувствуваат сигурно.Ова мора да престане. Што уште треба да се случи Оливер Спасовски да понесе одговорност – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Share This Article
Exit mobile version