Од 27 март ќе почне да сообраќа редовната авиолинија Софија – Скопје

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Од 27 март ќе почне да сообраќа редовната авиолинија Софија – Скопје. Цената на билетот треба да ја одреди сопственикот на компанијата „Гуливер“ со чии авиони ќе се реализираат летовите.

Претставниците на скопскиот и софискиот аеродром денеска во Скопје имаа средба со сопствeникот на „Гуливер“ на која присуствуваа и министрите за транспорт и врски на Македонија и Бугарија, Благој Бочварски и Николај Сабев.

Како што изјавија Бочварски и Сабев по средбата, двата аеродрома ќе поддржат програма за стимулирање нови летови за авиолинијата Софија – Скопје да не трае само шест месеци како што било во периодот меѓу 2007 и 2009 година.

Министрите најавија и дека се водат разговори за воведување летови од Софија до Охрид и од Варна и Бургаз до Скопје и до Охрид.

-Заради тоа што гледаме напред, гледаме кон иднината. Гледам дека имаме пријателски расположени најпрвин влади, министри, министерства, тур-оператори од двете земји. Гледам дека и граѓаните имаат можност и бараат да има подобро поврзување помеѓу двете земји до нашите туристички центри, но и до нашите главни градови. Од страна на тур-операторите дојдоа многу интересни предлози на состанокот и верувам дека во наредниот период тие предлози ќе се преточат кон конечна реализација за да може оваа мрежа на транспортот да конечно ја развиеме уште посилно и уште подобро во целиот Балкан – рече Бочварски.

Според Сабев, сега зборот го имаат туроператорите.

-Уверени сме дека моделот што го создаваме треба да има економска смисла и за нас е голема радост да соопштиме за тристраната средба меѓу аеродромите на Скопје и Софија со сопственикот на компанијата „Гуливер“. По оваа средба најавија дека постигнале договор двата аеродрома да поддржат програма за стимулирање на нови летови Софија – Скопје и нејзино продолжување. Сопственикот на „Гуливер“ ќе го убедиме, тој кога ќе биде спремен ќе ги објави цените и како смета тој економски модел да биде прифатен од сите. Да му овозможиме тој да ги истакне овие прашања – рече бугарскиот министер.

Share This Article
Leave a Comment

Leave a Reply Cancel reply

Exit mobile version