ЕСМ ќе понуди за 5% повисока цена на тендерот на ЕВН Хоме

By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Дали ќе поскапи струјата и за колку ќе се знае до крајот на месецов кога ЕВН Хоме ќе ги направи последните пресметки откако ќе ја добие и цената на струјата од последниот тендер за набавка на кој вообичаено се јавува државната ЕСМ и трошоците на останатите енергетски компании кои учествуваат во снабдувањето со струја на домаќинствата. Последен збор за цената сепак има Регулаторната комисија за енергетика која ќе треба да ја потврди цената која ќе ја пресмета ЕВН Хоме.

Аукцијата на тендерот за набавка на струја за домаќинствата е на 20 јуни, а кој освен ЕСМ дал понуда не се знае. Досега друга компанија не понудила пониска цена од онаа на ЕСМ на овој тендер што резултираше со состојба 95 до 100% од струјата да ја обезбедува државната компанија ЕСМ, а цената по која продаваше на универзалниот снабдувач ја утврдуваше владата.

По сѐ изгледи и сега е така бидејќи, неофицијално владата веќе расправала на затворена седница за цената на струјата на ЕСМ и решила таа да биде повисока од јануарската за 5%, односно да порасне од 57 евра за мегават час на 60 евра.

Дополнително, се дознава, владата одлучила да го почитува Законот за енергетика кој предвидува секоја година да се намалува учеството на домашната струја во набавките на универзалниот снабдувач. Се наведува дека за годинава процентот од 95% се намалува на 80%. Што значи дека останатите 20% ЕВН Хоме ќе треба да ги набави од друг снабдувач.

Најголемо учество во крајната цената на струјата која треба да ја плаќаат домаќинствата има државната ЕСМ, потоа следи Електродистрибуција – фирма на ЕВН. Унивезразлниот снабдувач, ЕВН Хоме учествува со 9,9%. Од енергетските компании најмал удел има МЕПСО од 4%.

Во крајната цена со одреден процент влегуваат и маржата на енергетските компании, трошокот за обновливи извори, за балансираната енергија, за увозот од слободен пазар.

Од тоа какви трошоци ќе прикажат овие компании и најмногу од цената на ЕСМ ќе зависи колкава цена ќе плаќаат граѓаните во следниот период. Она што беше најавено дека помалата профитна маржа ќе влијае на намалување на цената на струјата, веќе не важи, ако ЕСМ ја зголеми цената за 5%. Што значи граѓаните треба да бидат подготвени во следните месеци да плаќаат повисока цена на струјата.

Во изминатиот период дел од малите потрошувачи на струја кои се снабдуваа преку универзалниот снабдувач преминаа на слободен пазар бидејќи цената на струјата таму беше далеку пониска од 57 евра за мегаватчас по која ја продаваше ЕСМ.

Одлука за цена на струјата осега се носеше 2 пати годишно во јануари и во јули за период од шест месеци, но од годинава стартува новиот правилник според кој цената се утврдува еднаш годишно во ноември.

- Advertisement -
Share This Article
Exit mobile version